уторак, 25. август 2015.

Мој вид на дрога



Како не се навикнав бе. Незнам како цело ова време не се навикнав. Знаеш колку време помина. Човек ќе си рече досега ќе научев. Досега ќе се навикнев. Ама не бе. Што ќе беше ова инат од срцево мое. Никако не научи дека само ќе го скрши и пак трча кај него. После секој пат,после секој ден си реков ќе се навикни барем ама не. Пак по тебе трча, пак само тебе те гледа,пак само ти постоиш. Мене ако ме прашаш стварно незнам што виде во тебе. Освен тие небесни очи во кои што се гледаат цели галаксии, таа слатка насмевка од кoјa срцето ти се стоплува веднаш без разлика на невремето во него, тој нежен допир од кој се чувствуваш најсигурно на светов и си мислиш ништо неможе повеќе да те повреди, или можеби е до твојот неоодолив начин на кој пробуваш да скријаш колку си љубоморен на некој трет не знаејќи дека нема никој ни блиску до тебе за мене или сигурно е тоа што си исклучително нервозен во моја близина и како неуспешно пробуваш да го скриеш тоа а по една чаша вино веќе зборовите сами ти излетуваат од устата. И кога сето ќе го соберам имаш совршена формула за кршење на моево срце. И како да не знае за подобро пак трча назад,пак плаче зад затворени врати и пак се враќа, секогаш се враќа. А во мојот лекарски картон пак пишува дека немам никаква историја на зависности. Тебе изгледа не те рачунаат.А незнаат дека ако нешто е штетно по моево здравје тоа си ти. После се изгледа дека најлошата дрога за еден човек е друг  човек.

Како ми го скрши срцето



Го знаеш она чувство кога од далеку гледаш како паѓа чаша, гледаш и неможеш ништо да направиш во врска со тоа. Само гледаш како во успорена снимка и сакаш да направиш нешто, сакаш да го запреш ама немоожеш? Епа јас се чувствував  така со него.Го гледав секој ден и секој ден беше поблиску до подот, секој ден малку подалеку, секој ден поблиску до крајот. И неможев да направам ништо. Го гледав само пробуваќи да впијам што повеќе од него, што повеќе да остане со мене кога него веќе ќе го нема.  А тој несвесен дека паѓа од масата, ладнокрвен и безгрижен. Незнаеше дека само што не се скршил, само што не се изгубил од мoиве очи, само што не исчезнал засекогаш. И како да му кажеш? „Еј застани, зарем не гледаш дека паѓаш, зарем не гледаш дека ќе се скршиш? Застани, само застани и направи нешто. “ Не реков ништо од тоа. Само го свртив погледот,замижав и го слушнав звукот.Падна. Се скрши. Ама не беше чаша. Срцево ми беше.А го видов, го видов каде што паѓа и неможев ништо да направам. Се скрши. И сегa.. сега некој да ми кажи каде се продава срце или да научам да живеам без него.

петак, 10. јул 2015.

Громови на душа



Утредента имаше невреме, едно класично старо добро летно невреме со силен дожд и малку свеж ветар колку да ти ја наежи кожата. Се слушаа силни грмотевици одвреме на време на краток временски интервал веќе со часови а секој пат те изненадаваа како првпат во животот да ги слушаш. Абе ти се чини земјава ја преместуваја секој пат . Небото беше сиво а птиците преплашени. Луѓето неспремни трчаа да најдат заклон некаде а мене, мене секој покрив ме задушуваше и само сакав да бидам таму надвор кај дождот, таму кај ветрот и сивото небо, музика да ми биде громот. Таму сакав да бидам како своја на своето. Мајка ми пак вели дека не било толку страшно, обичен дождлив ден беше ми рече. А јас пак се израдував, си реков барем еден ден сите видоја како е да имаш громови на душа. Не ме сфаќај погрешно де јас си ги сакам моите громови, јас си го сакам невремево во мене. Јас не знам како без него. 

Мојот класичен принц



Се за него ми беше онака класично, класично изгледаше, класично се однесуваше,класично ме сакаше. Не дека класично е лошо, добро беше, и тој добар беше ама јас не бев добра.Јас не сум добра со класично,мене ми треба повеќе од класично. Не сакам јас класична љубовна приказна со класичен совршен принц и класично си живееа среќно до крајот на животот.Видиш јас сум покомплицирана од тоа јас немам класичен среќен крај. Се е битка до битка во животов и мене ми треба војник а не принц.