петак, 10. јул 2015.

Громови на душа



Утредента имаше невреме, едно класично старо добро летно невреме со силен дожд и малку свеж ветар колку да ти ја наежи кожата. Се слушаа силни грмотевици одвреме на време на краток временски интервал веќе со часови а секој пат те изненадаваа како првпат во животот да ги слушаш. Абе ти се чини земјава ја преместуваја секој пат . Небото беше сиво а птиците преплашени. Луѓето неспремни трчаа да најдат заклон некаде а мене, мене секој покрив ме задушуваше и само сакав да бидам таму надвор кај дождот, таму кај ветрот и сивото небо, музика да ми биде громот. Таму сакав да бидам како своја на своето. Мајка ми пак вели дека не било толку страшно, обичен дождлив ден беше ми рече. А јас пак се израдував, си реков барем еден ден сите видоја како е да имаш громови на душа. Не ме сфаќај погрешно де јас си ги сакам моите громови, јас си го сакам невремево во мене. Јас не знам како без него. 

Нема коментара:

Постави коментар