уторак, 25. август 2015.

Мој вид на дрога



Како не се навикнав бе. Незнам како цело ова време не се навикнав. Знаеш колку време помина. Човек ќе си рече досега ќе научев. Досега ќе се навикнев. Ама не бе. Што ќе беше ова инат од срцево мое. Никако не научи дека само ќе го скрши и пак трча кај него. После секој пат,после секој ден си реков ќе се навикни барем ама не. Пак по тебе трча, пак само тебе те гледа,пак само ти постоиш. Мене ако ме прашаш стварно незнам што виде во тебе. Освен тие небесни очи во кои што се гледаат цели галаксии, таа слатка насмевка од кoјa срцето ти се стоплува веднаш без разлика на невремето во него, тој нежен допир од кој се чувствуваш најсигурно на светов и си мислиш ништо неможе повеќе да те повреди, или можеби е до твојот неоодолив начин на кој пробуваш да скријаш колку си љубоморен на некој трет не знаејќи дека нема никој ни блиску до тебе за мене или сигурно е тоа што си исклучително нервозен во моја близина и како неуспешно пробуваш да го скриеш тоа а по една чаша вино веќе зборовите сами ти излетуваат од устата. И кога сето ќе го соберам имаш совршена формула за кршење на моево срце. И како да не знае за подобро пак трча назад,пак плаче зад затворени врати и пак се враќа, секогаш се враќа. А во мојот лекарски картон пак пишува дека немам никаква историја на зависности. Тебе изгледа не те рачунаат.А незнаат дека ако нешто е штетно по моево здравје тоа си ти. После се изгледа дека најлошата дрога за еден човек е друг  човек.

Како ми го скрши срцето



Го знаеш она чувство кога од далеку гледаш како паѓа чаша, гледаш и неможеш ништо да направиш во врска со тоа. Само гледаш како во успорена снимка и сакаш да направиш нешто, сакаш да го запреш ама немоожеш? Епа јас се чувствував  така со него.Го гледав секој ден и секој ден беше поблиску до подот, секој ден малку подалеку, секој ден поблиску до крајот. И неможев да направам ништо. Го гледав само пробуваќи да впијам што повеќе од него, што повеќе да остане со мене кога него веќе ќе го нема.  А тој несвесен дека паѓа од масата, ладнокрвен и безгрижен. Незнаеше дека само што не се скршил, само што не се изгубил од мoиве очи, само што не исчезнал засекогаш. И како да му кажеш? „Еј застани, зарем не гледаш дека паѓаш, зарем не гледаш дека ќе се скршиш? Застани, само застани и направи нешто. “ Не реков ништо од тоа. Само го свртив погледот,замижав и го слушнав звукот.Падна. Се скрши. Ама не беше чаша. Срцево ми беше.А го видов, го видов каде што паѓа и неможев ништо да направам. Се скрши. И сегa.. сега некој да ми кажи каде се продава срце или да научам да живеам без него.