Утредента имаше невреме, едно класично старо добро летно
невреме со силен дожд и малку свеж ветар колку да ти ја наежи кожата. Се слушаа
силни грмотевици одвреме на време на краток временски интервал веќе со часови а
секој пат те изненадаваа како првпат во животот да ги слушаш. Абе ти се чини
земјава ја преместуваја секој пат . Небото беше сиво а птиците преплашени.
Луѓето неспремни трчаа да најдат заклон некаде а мене, мене секој покрив ме
задушуваше и само сакав да бидам таму надвор кај дождот, таму кај ветрот и
сивото небо, музика да ми биде громот. Таму сакав да бидам како своја на
своето. Мајка ми пак вели дека не било толку страшно, обичен дождлив ден беше
ми рече. А јас пак се израдував, си реков барем еден ден сите видоја како е да
имаш громови на душа. Не ме сфаќај погрешно де јас си ги сакам моите громови,
јас си го сакам невремево во мене. Јас не знам како без него.
петак, 10. јул 2015.
Мојот класичен принц
Се за него ми беше онака класично, класично изгледаше,
класично се однесуваше,класично ме сакаше. Не дека класично е лошо, добро беше,
и тој добар беше ама јас не бев добра.Јас не сум добра со класично,мене ми
треба повеќе од класично. Не сакам јас класична љубовна приказна со класичен
совршен принц и класично си живееа среќно до крајот на животот.Видиш јас сум
покомплицирана од тоа јас немам класичен среќен крај. Се е битка до битка во
животов и мене ми треба војник а не принц.
Пријавите се на:
Постови (Atom)